Променете ја лозинката на Фејсбук!
Експертите од „Симантек“ ги предупредупредуваат корисниците на Фејсбук дека оваа социјална мрежа случајно на трети страни им го отворила пристапот до приватните податоци и фотографии

Третата страна, предупредува „Симантек“, може и да остава пораки на вашиот ѕид.
Експертите од „Симантек“ предупредуваат дека се компромитирани податоците на 500 милиони корисници и оти одговорните случајно и овозможиле на третата страна да има пристап до бројни податоци.
„Симантек“ додава дека пристап до приватните податоци на милиони корисници имале огласувачите, аналитичките мрежи и други лица, кои го откриле споменатиот пропуст.
„Симантек“ ги повика корисниците на Фејсбук што е можно поскоро да ги променат лозинките на своите профили, додека од Фејсбук порачаа дека ја исправиле грешката, која корисниците ги загрозувала повеќе од една година.
„Симантек“ предупредува дека и доколку Фејсбук ја исправил грешката, доколку некоја трета страна дошла до нечии податоци таа се уште ќе може слободно им пристапи, а единствен лек за тоа е промена на лозинката.