×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на џез албумот на Филип Стевановски

    21.04.2010 08:49 | KumanovoNews

     Тромбонистот Филип Стевановски од Куманово утре вечер ќе го промовира својот прв џез албум „Мит„.Концертната промоција ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура на која како гости ќе настапат Александар Белов и Ирена Крстевска.

    Промоција на џез албумот на Филип Стевановски

     Пресреќен сум што ќе се претставам пред кумановската публика и воедно ќе го промовиран првиот албум.Од минатата година имам свој квартет и успешно настапувам. На албумот сум комплетен автор како композитор, аранжер и продуцент. По промоцијата ќе продолжам со концерти и настапи во Македонија и низ Европа. На 13 мај сум поканет во Центарот за култура во Штип. По многу часови поминати во вежбање, задоволен сум од тоа што сум денес. Морам да признам дека свирејќи на тромбон уживам, а и горд сум на мојот избор, бидејќи знам дека станува збор за специфичен и несекојдневен музички инструмент - вели Филип.

     Петровски има освоено повеќе награди во Нови Сад, Скопје, Битола,а настапувал во повеќето европски земји.На промоцијата ќе биде претставена и изложба на фотографии „Приказната за еден тромбонист„ од Маја Крстевска.

    Почетокот е закажан во 19.30 часот.