Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот хип-хоп пејач Ноце Лефски-Леф во четврток во летниот клуб „Гарден„ ќе го промовира својот прв самостоен албум "Од нула до стотка".
Албумот содржи 16 песни во хип-хоп стил. Текстовите сам ги пишувам, а инспириран сум од неизвесноста што животот ја носи, од актуелните случувања што ме опкружуваат и од емоционалната состојбата во која се наоѓам. Албумот е снимено во музичкото студио „Деструкција„ во Куманово - вели Леф.
На промоцијата ќе настапат и познати хип-хоп групи како што се Artist, Black Rose, Alijansa и групата 79. Освен во Куманово летово Леф планира да направи уште неколку промоции низ Македонија. Промоцијата во „Гарден„ е закажана во 20.30 часот.