×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на вториот албум на Филип Стевановски

    19.04.2011 15:12 | KumanovoNews

    Викендов во Иски паб во Куманово се одржа промоција на албумот JAZZ FUSION на Филип Стевановски- квартет.

    Промоција на вториот албум на Филип Стевановски

    На албумот се вокал и бас гитара на Маја Капсарова, алт саксафонот на Борислав Веселинов, тромбонот и клавијатурите Филип Стевановски, тапаните на Филип Крстевски како и специјалниот гостин кој е задолжен за ударалките (конги, бонгоси, селски тапан, тарабука) Виктор Филиповски. На промоцијата се слушаше LATIN JAZZ, ACID, FUNK, REAGGAE, ETNO JAZZ. На ова цеде се наоѓа авторска музика на Филип Стевановски, како и преработки на популарни композиции но во оригинален аранжман.

    Ова е втора промоција на албумот по Штип, а ќе продолжи со промоции и концерти во Скопје, Велес како и низ другите градови во Македонија. Цедето ќе се продава по промотивна цена од 100 денари.