Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На фестивалот ќе настапат 8 музички групи, од кои половината се од странство. Од познатите имиња настап ќе имаат Рамбо Амадеус од Црна Гора, групите Ареа, Суперхикс и други.
Викендов на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи третиот по ред Стритс фестивал со кој и официјално ќе се отвори кумановското културно лето. На фестивалот ќе настапат 8 музички групи, од кои половината се од странство. Од познатите имиња настап ќе имаат Рамбо Амадеус од Црна Гора, групите Ареа, Суперхикс и други.
Кога ја правевме програмата се обидувавме да вклучиме доста познати музички имиња и успеавме во тоа. За прв пат ќе имаме изведувач од Јамајка, кој ќе биде во делот од перформансите со реге музика, а ќе има гости од Гана и Лаос. Најавуваме и жонглирање со оган за време на фестивалот.Една од групите во петок ќе изведе и форум театар, а група од мултикулти центарот заедно ќе се претстават на песната на Шакира од светското првенство со заедничка кореографија. Mотото на фестивалот е „Вклучи се за разновидност" со кое се обидуваме и настојуваме да ги собереме сите луѓе без оглед на различностите да ни се приклучат на фестивалот- рече Стефан Маневски, претседател на фестивалот.
Околу пеесетина младинци од десетина различни земји од светот ќе учествуваат и ќе ги вршат аниматорски активности на Плоштадот.
Во сабота фестивалот ќе го отворат групата „Опиум„ од Куманово,а потоа ќе настапат „Sopha„ од Белгија и „Суперхикс„ од Скопје. На Во недела на 4 јули ќе настапат „Egnatia„ кумановски бенд, „Blla Blla Blla„,албански бенд, „Ареа„ од Скопје и Рамбо Амадеус од Црна Гора.Стритс фестивалот е подржан од Локалната самоуправа, а го организира Здружението Стритс фестивал.