500x100-1
22. 03. 2010 13:20

Расишан конкурсот за „Мак-денс“

Расишан конкурсот за „Мак-денс“

Центар за култура „Трајко Прокопиев“ го распиша Конкурсот за учество на годинешниот фестивалот за модерен балет - „Мак-денс 2010“ што ќе се одржи на 11 јуни.

Конкурсот ќе трае до 4 јуни, до кога треба сите заинтерсирани поединци и групи да испратат видео материјали снимени на ЦД и ДВД. Кореографијата со визуелен и тонски аспект, не треба да биде подолга од 7 минути. Со видео материјалот треба да се достават и сите генералии на групата. Фестивалот ќе се реализира во две старосни категории по 14 изведувачи, со учество на групи до 12 и над 12 годинишна возраст.

Фестивалот „Макд-денс“ се одржува веќе 17 години во Националната установа Центар за култура Трајко Прокопиев - Куманово, а досега учествувале повеќе од 30 групи годишно.

А.И.

Расишан конкурсот за „Мак-денс“