Разводот на Шварценегер чини 254 милиони долари
Американските медиуми шпекулираат дека Марија Шривер би можела добро да го наплати неверството на сопругот. Во бракоразводната парница на глумецот и поранешниот гувернер на Калифорнија би можел да остане без голем дел од својот имот.

Педесетипет годишната новинарка која го напуштила Арнолд на почетокот на месецот, после неговото признавање дека има вонбрачно дете со својата куќна помошничка, не сака да ја одолговлекува парницата и планира во наредните неколку дена да стави точка на својот брак.
Како се проценува, богатството на „Терминаторот“ изнесува околу 508 милиони долари, а Шивер би требала да добие половина од таа сума.
Ќе му зеде се до последен цент - изјавил анонимен извор за американските медиуми.
Шварценегер и Марија се венчаа 1986 година и имаат четири деца.