Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Босанската ѕвезда Харис Џиновиќ утре попладне ќе пристигне во Куманово за големиот концерт на Градскиот плоштад. Организаторите велат дека се е подготвено за одржување на големата журка.
Сите подготовки се при крај, го очекуваме Харис Џиновиќ со својот бенд да пристигне во нашиот град околу 17 часот. Концертот почнува во 20 часот и ќе трае околу два часа. Се надевам дека дождот нема да ни го поремети планот и тоа ќе биде вистинско уживање за нашите сограѓани. Затоа ги повикувам да дојдат во што поголем број, сите они кои го сакаат пеењето на Џиновиќ- вели Нино Величковски, директрот на Фондацијата за култура.
По завршувањето на концертот ќе следи спектакуларен огнеомет. КУманово оваа година на 11 Ноември прославива 491 година постоење и 66 години од ослободувањето.