Селин Дион хоспитализирана
19.10.2010 14:49
| KumanovoNews
Канадската пејачка Селин Дион (42) која треба да се породи на почетокот на ноември завршила во болница. Тоа го потврдил и нејзиниот портпарол, кој рекол дека Дион била примена во “Ст, Мери“ во Вест Палм Бич.

Постоела опасност пејачката пред време да ги роди близнаците, пренесуваат светските медиуми.
Поради силни болки во стомакот и мачнина Дион и порано била хоспитализирана.
Пејачката и нејзиниот сопруг Рене Ангели треба да станат родители на близнаци, зачнати со вештачко оплодување.