Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Северина добила понуда да игра главна улога во филмот „Деловна жена„,пренесуваат хрватските медиуми.
Според сценариото Северина требало да глуми млада деловна жена која е во потрага по татко на своето дете.
Снимањето на филмот ќе почне до крајот на оваа година, или на почетокот на наредната. Покрај Северина на филмот ќе играат Раде Шербеџија, Радивое Буквиќ, Јасна Жалица, Франо Ласиќ, Весна Тривалиќ, Маринко Маџгаљ и други.
Менаџерот на Северина изјавил дека сеуште не почнале преговорите за ангажманот, и дека нејзин приоритет е албумот што треба да излезе на есен.
Северина има актерско искуство во претставата „Каролина ријечка„, филмот „Духови Сарајева„ и монодрамата „Чекајуќи свог човјека„.