Мени

Северина се верила по пети пат

08.04.2011 08:08 | KumanovoNews

 Северина Вучковиќ сепак решила да се омажи за српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. И покрај тоа што тврдела дека нема да застане пред матичар, таа сепак признала дека е верена- и тоа по пети пат.

Северина се верила по пети пат

„Да се веривме. Многу се сакаме и многу сме вљубени. Тој е човекот со кој ќе го минам остатокот на животот- изјавила Северина, и со тоа им ставил крај на озборувањата во која насока се движи нејзината врска со Милан.

И покрај тоа што двојката изгледа совршено, и не се одвојуваат откако ја започнале врската, вереничкиот прстен не мора да значи и свадба. На Севе ова и е пета веридба, и сите предходни нејзини избраници „биле за цел живот„, а сепак неславно завршиле.

 Приказната за веридбата на Северина започна пред неколку дена кога таа на една промоција во Загреб се појавила со скапоцен прстен на раката, кој вредел 30 илјади евра, а таа за медиумите објавила дека е веренички.