Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Издавачката куќа „Сити рекордс“, за која Ксенија Пајчин ги објави речиси сите свои албуми, подготвува ДВД со сите нејзини спотови! Веста на белградските медиуми им ја откри стилистот Бане Девиќ, инаку кумот на Ксенија.
Ги собираме сите нејзини спотови во кои таа ја вложуваше целата своја заработка. Тие ќе се најдат на ДВД, кој треба да го објави Сити рекордс. Непосредно пред да загине Ксенија го договори и својот настап на српскиот Денс фестивал зa 12 јуни. Требаше да настапи во два блока, по 20 минути, па веднаш се фрливме на подготовка на костум за таа манифестација. Но, се заврши трагично – кажал Бане.