Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Белградскиот новинар Александар Саша Јовановиќ, уредник во дневниот весник „Прес„најави дека неговата издавачка куќа Horusovo oko наскоро ќе објави книга за последните години од животот на македонската легенда Тоше Проески.
„Прес„ наведува дека во таа книга авторот ќе ги опише непознатите детали врзани за мистериозната смрт на Тоше, кои ќе бидат основа за снимање на документарен филм.
Оваа информација не наиде на одобрување од страна на Меѓународната фондација Тоше Проески, но и македонските новинари и соработници на мегаѕвездата.
Јовановиќ, познат по учеството на реалното шоу „Фарма„, промовираше книга „Сите тајни на фармата„, во која го опиша времето поминато таму, заедно со останатите фармери од регионот.