Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оркестарот на „Сергедин Дурмишев“ од Штип е победник на шестиот Рома труба фест што синоќа заврши во Куманово.
Наградата за најдобра труба ја освои Кочо Агушев од Струмица, специјалната награда му припадна на кумановецот Филип Стојановиќ, а беа прогласени и најдобрите на тапани и туба.
Оваа година направивме исклучителна манифестација. Имавме богата програма со реномирани гости и големиот број на посетители. Се натпреваруваа оркестрите „Агушеви Џамбо“ и „Млади Агушеви“ од Струмица, „Шампиони Филип“ од Радовиш, „Сергедин Дурмишев“ од Штип, „Илми Агушев“ и „Млади звезди“ од Струмица. Жирито во состав Ферус Мустафов, Нино Величковски и Виктор Костовски, имаше тешка задача да ги избере најдобрите, бидејќи конкуренцијата беше многу силна- изјави директорот на фестивалот, Самет Салиевски.
Манифестацијата е дел од програмата „Кумановско културно лето 2011“ и се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на општината.