Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во Градскиот Парк во Скопје, Т-Home организира најголемо вртење на хулахоп досега во Македонија. Забавата започнува во 11.30 часот, а во игрите со хулахоп можат да учествуваат граѓаните од 5 до 85 години.
Посетителите можат да учествуваат во хулахоп натпревари кои се организирани во повеќе дисциплини: најдолго вртење на хулахоп, вртење околу врат, вртење на повеќе хулахопи одеднаш и најголемо групно вртење на хулахоп. За најдобрите хулахоп мајстори следуваат многу награди и хулахоп изненадувања.
ХулаТОП забавата во Градскиот парк дополнително ќе биде збогатена и со настапите на Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски.
Заедно со вашите роднини или пријатели уживајте во незаборавните игри со хулахоп и споделете пријатни доживувања, а за почетниците во вртење хулахоп, ќе има тренинг со искусни инструктори.