×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Таневски ќе пее 15-ти на првото полуфинале

    24.03.2010 09:48 | KumanovoNews

      Македонскиот претставник за песна на Евровизија, Ѓоко Таневски ќе настапи 15-ти по ред, од вкупно 17 изведувачи на првата полуфинална вечер во Осло.На вчерашната ждребка за настапот на првото и второто евровизиско полуфинале, Македонија доби одлична позиција за претставување пред европската публика.

    Таневски ќе пее 15-ти на првото полуфинале

     Првото евровизиско полуфинале ќе го отвори Молдавија, по што следуваат: Русија, Естонија, Словачка... Според новите правила, Србија и Белорусија имаа среќа да изберат позиција од која ќе настапат нивните претставници, и тие го избраа бројот седум, односно 16. Последни првата полуфинална вечер ќе настапат претставниците на Исланд.

     Во второто полуфинале честа да ја изберат стартната позиција ја добија Швајцарија и Бугарија.

     Големата четворка, плус домаќините Норвешка, на актуелниот Евросонг во Осло, кој ќе се одржи на  25-ти, 27-ми и 29-ти мај 2010-та, настапуваат само на финалната вечер, според овој редослед: Шпанија (втора), Норвешка (трета), Велика Британија (12-та), Франција (18) и Германија (22-ра). Вечерта ќе ја отвори Литванија, по што следат: Ерменија, Израел, Данска..., додека програмата како 17-ти првата полуфинална вечер ќе ја затворат претставниците на Турција.