Таневски му подари сребереник на Станковиќ
13.04.2010 10:07
| KumanovoNews
Нашиот претставник за Евровизија, Ѓоко Таневски на српскиот претставник Милан Станковиќ му подари сребрењак со ликот на Свети Јован. Тие запрвпат се сретнале во просториите на РТС и таму поразговарале за своите песни и настапот што ги очекува.

Бидејќи дојдов на гости, донесов подарок од мој пријател од една винарија. Еден сребреник е за мене, а вториот за тебе. Сега сме побратими - се пошегувал Ѓоко.
Милан се израдувал на подарокот и се заблагодарил на вниманието.