Таневски на Евросонг ќе пее на македонски
17.03.2010 11:26
| KumanovoNews
Композиторот на евровизиската песна „Јас ја имам силата“, Кристијан Габроски, најави дека Ѓоко Танески во Осло ќе настапи со истата верзија која ја испеа на националниот Евросонг.

Имаше размислувања да смениме нешто во песната, но мојата конечна одлука е дека ништо нема да се менува - изјави Габровски и додаде дека единствена промена може да има само во настапот.