Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Холивудскиот актер Том Круз ја разоткри мистеријата околу насловот на продолжението на акциониот филм „Невозможна мисија„. Насловот на четвртото продолжение е „Мисија: невозможен протокол на духовите„.
Том Крус отстапи од намерата од нумерирање на продолженијата од популарниот серијал, затоа што не се работи за едноставно продолжение.Почетокот на снимањето е закажан за неколку недели, меѓу другите места и во Дубаи.
Круз со филмската екипа која брои 300 членови ќе снима во највисоката зграда на светот и на коњска трка. Потоа екипата ќе се пресели во Москава, Прага и Ванкувер. Покрај Круз на филмот ќе настапат и Џереми Ренер, Џош Холовеј, Сајмон Пег, Винг Рејмс и други. Филмот во кината ќе се појави во декемви 2011 година. Круз тајниот агент го играше и во третото продолжение на „Невозможна мисија„.