Мени

Tyzee подготвува албум

02.06.2010 12:37 | KumanovoNews

 Кумановецот Драган Величковски, попознат како Tyzee до крајот на месецот ќе го промовира својот прв албум „Балкан„ на кој ќе се најдат 17 песни. Дел од нив се снимени, а останатите ќе се завршат во следните десетина дена.

Tyzee подготвува албум

 Албумот содржи песни со разновидни стилови и жанрови со кои се опишува состојбата во која се наоѓа Македонија и Балканот, поради кои и албумот го носи тоа име. Досега имам снимено неколку песни со Skipi, но албумот што следи ќе биде различен од она што досега го правевме и што воопшто се работи во Македонија. Не дека ние сме најдобрите, туку затоа што тежнееме да бидеме оригинални, различни и свои - вели Tyzee.

На концертот по повод промоцијата на албумот ќе се прикаже и спотот за песната "Играј".

Ја избрав токму оваа песна за видео запис затоа што од целата ситуација во која ние младите се наоѓаме, не ни преостанува само да се збавуваме и да играме. Станува збор за интересна песна, која се разликува од другите и спотот е атрактивен, бидејќи во него учествуваат многу млади девојки- вели Tyzee.

Текстовите за неговиот албум  ги пишувал самиот во консултација со неговите соработници, а гости се Адријан Гаџа, Роберт Билбилов, Анџелина, DJ Spejko, Мега и Андреј Миск. Освен за себе досега пишувал и за Ноне Неделковска, Адријан Гаџа, Миск и други.