×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • У2 најмногу заработува во САД

    01.03.2010 10:38 | KumanovoNews

    У2 заработи повеќе пари отколку која било друга музичка ѕвезда во САД во 2009 година. Според музичкото списание „Билборд„ У2 заработила 109 милиони долари од турнеи, продажба на ЦД-а и други приходи од авторски права, што е речиси два пати повеќе од заработната на Брус Спингстин, вториот најдобар изведувач во САД.

    У2 најмногу заработува во САД

    Спрингстин заработи 58 милиони долари,а потоа следи Мадона со 47 милиони долари и рокерите AC/DC со 44 милиони долари.

    У2 се во средината на големата светска турнеја, а турнеите се профитабилна дејност за повеќето уметници, изјави списанието Билборд. Бината со поглед од 360 степени е најскапата досега поставена на сцена, но во исто време прима повеќе обожаватели, бидејќи тие настапуваат во круг.

    Помладите поп ѕвезди како Бритни Спирс, Пинк, Џонас Брадрс се најдоа следни на листата. Колдплеј беа најуспешна британска група, под број осум со профит од 27 милиони долари.

    Мајкл Џексон е на врвот од заработувачката од ЦД-а и заработка од приходи на авторски права во 2009 година, но само се искачи до број 20 за целокупната листа. Потенцирајќи ја важноста за турнеи на една ѕвезда и пакетот на заработката од истата.