×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Угро на привремена работа во Куманово

    26.09.2011 09:21 | KumanovoNews

     Раперот Никола Угриновски- Угро од почетокот на месецов работи во Секторот за односи со јавност во Општината Куманово. Угро е анагажиран преку агенција по договор на дело, и е дел од тимот кој работи на медиумско покривање со фотографии и видео матерјали на сајтот на Општината Куманово.

    Угро на привремена работа во Куманово

    Угриновски го ангажиравме за да го подобри квалитетот на Интернет-страницата на Куманово, бидејќи подолг период трпиме критики од граѓаните дека сите манифестации што ги правиме не се доволно презентирани на сајтот. Тој има искуство во таа област и се надевам дека ќе се постигне саканиот ефект- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Угро секој ден ги следи активностиоте на градоначалникот и локалната самоуправа. Ги слика и снима седниците на Совет, а останува и попладне да ги покрие културните манифестации што ги организира Општината. Вели дека одлично се снашол во новата работа, која е многу поразлична од она што досега го работел во продукциската куќа.

    Влегов во сосема нова област, иако јас го имам неопходното искуство, веќе 16 години работам како снимател и монтажер. Во делот со односи со јавност, ќе гледам реално да бидат претставени работите и тука можам да дадам многу- вели Угро.

    Релацијата Скопје-Куманово тој секојдневно ја поминува на мотор. Вели дека не му паѓа тешко патувањето, но кога би имал услови за живот би се преселил во Куманово.

     Со мојот тротинет поминувам 112 киломтри за само 205 денари. Тоа е најекономичниот превоз, иако кога ќе застуди ќе морам да доаѓам со кола. Јас немам проблем со мали и големи градови и ако јас се прашувам, би се преселил во Куманово кога би имал добри услови за живот и работа- вели Угро.