Васиљков пееше во Белград
На покана на македонските иселеници, кумановскиот фолк пеач Игор Васиљков во Белград приредил незаборавна забава. Заедно со групата "Естрада", Кумановецот бил одлично примен од публиката и тамошните медиуми.

Драго ми беше што имав можност да ги забавувам моите сограѓани и да поминам три незаборавни вечери со нив.Ја промовиравме нашата преубава македонска музика, а гостувавме и во неколку локални телевизии, каде ја претставив нашата традиционална македонска изворна песна-вели Васиљков.
Тој досега има издадено еден студиски албум на кој текстописци се Милан Зафков,Горан Михајловски, Цане Петров и други.
Негови хитови се "Сеуште те љубам", "Касиерка Мира" и "Пеам за домот свој", која е најслушана и најбарана, кога гостува надвор од земјата.
Секогаш кога ќе настапувам во емисиите инсистирам да пеам во живо со што моите обожаватели ќе можат навистина да ги слушнат моите вокални способности и токму затоа снимив албум со преработка на традиционалните македонски песни-вели Васиљков.