×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вечерва почнува „Егзит“

    08.07.2010 14:23 | KumanovoNews

    Вечерва официјално започнува фестивалот „Егзит 2010“. На Тврдината се очекуваат околу 25.000 посетители од странство. Како и предходната година, кампот кој сега се вика „Егзит вилиџ“ се наоѓа во поранешната касарна „Јанко Чмелиќ“.

    Вечерва почнува „Егзит“

    На овогодинешниот фестивал, најмногу се очекува од легендарниот американски бенд „Faith No More“ кој прв пат настапува во Србија, како и од мајсторот на електронскиот звук „The Chemical Brothers“, кои со своиот концерт ќе ја надополнат неделата. Исто така, ќе биде интересно да се погледне настапот на британскиот бенд „Placebo“, англискиот пејач Мајк, раперката „Миси Елиот“, како и младиот состав „The Horrors“, „Klaxons“ и „Royksopp“. Не треба да се заборават ниту „Bad Brains“.

    Најголема овогодишна ди-џеј ѕвезда на „Денс арената“ е феноменалниот Рикардо Вилјалобос, а многу се очекува и од настапот на Дејвид Гета, Џош Винк, дуетот „Moderat“, составот „Crystal Castles“...На другата страна на Тврдината настапуваат „Велики Презир“, „Ритам нереда“, TBF, „Yeasayer“, „Miika Snow“, „Does It Offend You Yeah?“, „KUD Idijoti“...Жестоко ке биде и на „Експлозив“ бината каде ке свират бендовите „Suicidal Tendencies“, „The Exploited“, „Behemoth“... Исто така ќе видиме за кого ке навива публиката на „Егзит“ во недела на финалето на Светското првенство во фудбал.