Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вечерва во второто полуфинале на музичкиот фестивал Евровизија, Влатко Илиевски со Русинка ќе се обиде да влезе во финалето кое ќе се одржи на 14.мај.
Десетте финалисти од оваа вечер ќе ги одбере рамноправно и публиката и жири комисијата.
Тој вечерва ќе биде придружуван со четири танчери, и Јана Андреевиќ која ќе ја има улогата на Русинката. Влатко ќе биде облечен во темно палтно, се останато ќе преовладува со бела боја. Од тимот, истакнуваат дека Влатко се чувствува релаксиран и сигурен во себе пред вечерашниот настап.
Од првата полуфинална вечер место во финалето обезбедија Србија, Азербејџан, Унгарија, Грција, Швајцарија, Финска, Литванија, Русија и Исланд и петте постојани финалисти.
Финалето на музичкиот спектакл е во сабота. Минатата година победник беше Лена Маер со песната Сателит.