Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По проектите со Јан Акерман, Мирослав Тадиќ, Стефан Миленковиќ, Бојан Зулфикарпашиќ..., македонскиот гитарист Влатко Стефановски е во нови музички планови, кои би требало да ги засенат сите негови досегашни соработки.
Заедно со Tommy Emmanuel и Stochelo Rosenberg, Влатко неодамна се подготвуваше за балканската турнеја на ова динамично трио, која под мотото Kings of Strings треба са се случи следната година.
Веста за соработката на тројцата гитар-мајстори со фотографија е најавена на официјалната web-страница на Влатко Стефановски, како и на Фејсбук фан-профилот на Tommy Emmanuel.
И ние сме во исчекување на повеќе детали, како и многубројните фанови од регионот, кои си нетрпение чекаат да ги видат Kралевите на сцената.