Во 2011 со шампањско
Студеното време не спречи неколку илјади кумановци Новата година ја пречекаа на Градскиот плоштад во Куманово со македонските фолк пејачи Зуица Лазова, Наум петревски и поп пејачите Дани Димитровска и Влатко Илиевски.

Програмата околу 22 часот започна со кумановските пејачи Нино, Маргица Антевка и Боби Серафимовски, а потоа следуваа настапите на останатите пејачи до 2 часот. На полноќ на присутните Новата година, со шампањско им ја честиташе градоначалникот Зоран Дамјановски, по што следуваше спектакуларен огномет додека Наум и Зуица ја пееја легендарната „За многу години Македонци„ а заседно со нив хорски пееше и публиката.
Кумановци излегоа во помал број од предходните години кога на плоштадот настапуваа балканските звезди Хари Варешановиќ и Северина,но сепак останаа верни на традицијата заеднички да ја пречекаат Новата година.Весело беше и во рестораните и кафулињата, но најголем број од граѓаните на Куманово останаа дома.