×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Версај“ Жељко ги разнежни кумановки

    15.07.2011 13:50 | KumanovoNews

    Српскиот пејач Жељко Самарџиќ синоќа направи одлична журка во дискотеката Версај во Куманово. Пред публика од сите генерации,претежно жени, Самарџиќ одржа три часовен концерт со старите и нови хитови, но пееше и познати рефрени од неговите колеги.

    Во „Версај“ Жељко ги разнежни кумановки

    Хорски се пееја неповторливите „Грлица“, „Девет хилјада“, која ја посвети за роденденот на сопственикот на дискотеката „Пакуј кофере“, „Немам ја толико кофера“, „Удала се моја црна драга“ „Недај да те раде“, многу балади, а публиката ја почести и со две македонските народни песни „Македонско девојче“, и „Ако умрам и загинам„.

    Јас моментално сум на одмор во Котор, ама неможев да го одвојам овој настап. Долго не сум пеел во Куманово и затоа ми претставува посебен предизвик што вечерва сум тука. Во последните пет години постојано нешто се договараме за концерт на плоштадот во Куманово, но работата се изјаловува. Се надевам дека еден ден и тоа ќе се релизира затоа што овде имам одлична публика. Вечерва се тука некои нови клинци, а јас имам доста песни кои се намножија во мојата кариера, така да јас имам формула за нив. И мојот нов албум ќе мисриса на се она што досега го работев, и едноставно имам среќа што мојот вкус се совпаѓа со вкусот на публиката. Во септември полека ќе почнам да ги миксам новите песни. Имам одличен албум го правеа Марина Туцаковиќ, Ромарио, Драган Брајовиќ, така да во принцип тоа е тим кој победува и затоа не го менувам - изјави Самарџиќ.

    Самарџиќ во разговорот ни откри дека во октомви ќе стане дедо по трет пат. Покрај  внуците Лука(6) и Алекса(5) од најстарата ќерка, тој е пресреќен што неговата средната ќерка Даниела носи ќеркичка. Вели дека во последно време не ја форсира работата и настапува само на концерти.

    Јас не се трошам многу со гостувања и настапи. Некогаш настапував секоја ноќ, а сега работам концертно и одлично поминувам на сите простори на поранешна Југославија, каде и да отидам имам прекрасна публика, како што е оваа вечерва - вели Самарџиќ.