Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарот на Лос Анѓелес Лејкерс Саша Вујaчиќ и неговата девојка руската тенисерка Марија Шарапова се вериле пред неколку дена на годишнината од нивната врска.
Среќната вест ја потврдиле и претставниците за медиуми на познатиот пар.
Сеуште не е познат датумот на венчањето, но Вујачиќ открил дека својата девојка ја побарал за жена на традиционален начин.
Двајцата сме многу среќни. Веридбата беше старомодна. Морав тоа да го направама тоа како вистински џентламен. Марија беше пресреќна, а одговорот беше „да„, па затоа мислам дека и се допадна„ -открил словенечкиот кошаркар кој со години гради успешна кариера во Америка.
Шарапова и Вујачиќ се вериле во вторник во неговата куќа на Менхент Бич во Калифорнија, а убавата тенисерка веќе во јавноста го прошетала дијамантскиот веренички прстен. Младите спортски ѕвезди се запознале на журка кај нивни пријатели.