Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Популарниот српски пејач Љубиша Стојановиќ (59), попознат како Луис загинал утрово околу 5 часот во сообраќајна несреќа во близина на градот Врбас, соопштуваат српските медиуми.
Пејачот настрадал во верижен судир во кој има уште еден загинат и уште неколку повредени.
Луис загинал на лице место, а неговите тројца соработници кои биле со него во колата се полесно повредени. Сеуште не се познати причините за несреќата.
Луис е роден во Лесковац и се смета за основоположник на етно – поп музиката и меѓу првите започнал да комбинира џез со српскиот фолклор.
Со музика се занимава од 1970 година, а прекарот го добил кога имал девет години затоа што успешно ги изведувал песните на Луис Армстронг.