Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Конкурсот за учество на Егзит фестивалот започна од вчера и ќе трае до 15. мај годинава. Фестивалот на сите заинтересирани соло изведувачи, бендови и диџеи им нуди можност да ја прикажат својата работа, но и да бидат забележани од менаџери, букинг агенти и новинари од целиот свет.
Сите заинтересирани поединци и бендови и оваа година можат да конкурираат со регистрација на сајтот www.exitmusic.tv. Со апликацијата добива и своја страница на www.exitmusic.tv. За сите изведувачи што имаат страница на сајтот, доволно е да се логираат и на својата лична страница, да кликнат на Play at Exit 2010. Детални упатства и пропозиции можат да се најдат на Exitmusic.tv.