Жера најавува луда журка во Касапски
        22.07.2010 13:30
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Фронтменот на сараевската рок-група Дражен Жериќ- Жера пристигна во Куманово. Денеска додека се поставуваше бината за вечерашниот настап во локалитетот Касапски круг, тој со менаџерот и сопствениците на локалите пиеше кафе.
 
                  Истовремено го разгледа и просторот каде што треба да настапи.
Во Куманово сум бил во далечната 1989 година во Спортската сала. Концертот ми остана во убаво сеќавање, а се надевам дека така ќе биде и вечерва. Очекувам се да помине во најдобар ред, а јас ветувам одлична журка. Ги повикувам кумановчани да дојдат да се забавуваме- изјави Жера за Kumanovonews.
Почетокот на концертот е во 22 часот.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




