Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ѕвездите од популарната серија „Очајни домаќинки“, Тери Хачер, Ева Лонгорија, Марши Крос и Фелисити Хофман добиле понуда од 12 милиони долари за снимање на уште две сезони од серијата.
Преговорите околу снимањето на осмата и деветата сезона на популарната серија, доаѓа кон крај, па доколку ја прифатат понудата ќе станат најплатените ТВ лица во САД.
Моравме да ги собереме девојките повторно. Серијата заработува премногу, и несмееме да ја прекинеме - изјавил неименуван извор од продукциската куќа.
Актерките ќе добијат неверојатни хонорари од 400000 долари по епизода, а во осмата и деветата сезона ќе им се придружи и актерката Ванеса Вилијамс.