Ќе се врши авиопрскање против комарци Задутре во раните утрински часови ќе се изврши авиозадимување против комарци.
10 милиони денари за поправка на затварачите на браната Липково Водостопанство Кумановско-липковско поле доби 10 милиони денари од Министерството за земјоделство за поправка на затворачите на браната Липково, кои се стари 30 години.
Пензионерите се подготвуваат за спортски игри Државен пензионерски натпревар за спортски игри ќе се оддржи во Скопје на 11 септември. По тој повод кумановските пензионери се подготвуваат бидејќи ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини.
Куманово има доволно огревно дрво Од Шумско стопанство Куманово велат дека криза за дрва нема да има и дека располагаат со количини кои се доволни за потребите на кумановци.
Водостојот на реките мал, рибокрадците активни Од Спортското риболовно друштво “Пчиња“ велат дека во овој период преку своите рибочувари настојуваат да бидат присутни на терен и да спречат недозволено ловење на риби.
Кумановски фотографи изложуваат во странство Наградените фотографии на членовите на ФКК “Козјак“, минатата недела беа претставени во повеќе градови.
150 наставници ангажирани на определено време Во поседните четири години се зголемува бројот на наставници кои своите договори за вработување ги трансформираат од определено на неопределено време.
Земјоделците немаат навика да ги осигуруваат имотите Едвај десетина кумановски земјоделци ги осигуруваат своите посеви и насади. Во случај на елементарни непогоди, поплави, град парите што ги вложиле ќе им се вратат.
Невладините бараат шелтер центар Од Женскиот мултиетнички центар ја истакнуваат потребата за отварање на шелтер центар за згрижување на жени жртви на насилство.
Се формира Локален младински совет Во просториите на месна заедница „Тоде Мендол„ каде се наоѓа Младинскиот центар “Мулти Култи“ денеска попладне ќе биде потпишан договор за основање на Локален младински совет во Куманово.
Водата во Проевце бактериолошки неисправна Последните испитувања во Центарот за јавно здравје покажале дека во дел од чешмите има присуство на бактерија.
Измислeна приказната дека змија каснала дете Деновиве во јавноста се прошири информација дека змија каснала дете додека возело автомобилче кај спортската сала во Куманово.
Не можевме сами, затоа ја одбравме Југославија Во тоа време сигурно дека имаше бугарски, српски и други претензии, ама никој јавно не кажуваше. Заедно бевме најсилни, вели Мара Нацева.