Граѓаните се вакцинираат против грип Почнувајќи од минатиот петок, 480 граѓани примиле вакцина против сезонски грип. Вработените во Центарот за јавно здравје се задоволни од одзивот.
Куманово има 3923 корисници на социјална помош По бројот на корисници на социјална помош, Куманово е на врвот, меѓу петте општини со најмногу социјалци на ниво на држава.
Родителите бараат дислокација на Центарот за зависници По вторпат протестираа родителите на децата кои учат во ОУ“Кочо Рацин“ и градинката “Пчелка“ во населба „Гоце Делчев„ и побараа да се дислоцира Центарот за зависници.
Улицата Карл Маркс еднонасочна? Советникот од ДПА, Халил Курштини на вчерашната седница на Советот праша до каде е постапката и кога улицата “Карл Маркс“ која поминува до ОУ “Барјам Шабани“ ќе стане еднонасочна.
Истекува рокот за аплицирање за субвенции До 20 месецов трае рокот за поднесување барања за добивање на субвенции за обработливо земјиште. Повеќето земјоделци веќе ги завршиле овие обврски и доставиле документи до подрачните служби.
Сметот ќе се спалува во акселератор? По пат на јавно приватно партнерство општината планира проблемот со сметот да го реши со изградба на акселератор.
Црвен Крст прави форум театар По повод Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, Црвен Крст вечерва организира форум театар во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Жителите на “Црнотравска“ бараат бекатон Граѓаните кои живеат на улицата “Црнотравска“ покрај стадионот Башкими, бараат улицата да се покрие со бекатон плочки.
Предавања за земјоделците во Стрезовце и Младо Нагоричане Утре вработени од Регионалниот центар на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството ќе оддржат предавање во две села.
Марија Илиевска најдобар млад библиотекар На општинскиот натпревар за млади библиотекари кој се оддржа вчера во библиотеката “Тане Георгиевски“ победи Марија Илиевска од ОУ“Магдалена Антова“.
Наезда на волци во кумановско и липковско Жителите на кумановските села се жалат дека волци ги сардисале нивните имоти, па се плашат дека покрај добитокот ќе почнат да ги напаѓаат и нив.
Маја Арангеловска заштитно лице на “Bertoni-Professional“ Манекенката Маја Арангеловска од модното студио “Црнокрак“ е заштитно лице на новоотворениот салон за убавина “Bertoni-Professional“.
Кумановските пчелари ќе ги посетат колегите во тетовско Пчелари од Куманово во сабота ќе го посетат Тетово и околните села и ќе се сретнат со тамошните пчелари за да разменат искуства.
Скопјанец фатен со марихуана во Винце Кај Н.П.(29) од Скопје е пронајдена марихуана додека престојувал во кумановското село Винце.
Крводарителска акција во Спортска сала Во Спортската сала во четврток од 11 до 15 часот ќе се оддржи крводарителска акција.
Тетовскиот универзитет се всели во касарната во Бедиње Во просториите на касарната “Христијан Тодоровски - Карпош“ се сместени дисперзирани студии по бизнис и администрација од Тетовскиот факултет.