×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

    Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

    Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит 

    Поттикувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите

    Поттикувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите

    Поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица кои се постојано „закачени“ на Интернет и „бомбардирни“ со мноштво информации.Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интересно е што  многу од луѓето кои имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители кои имаат повисоко ниво на сомнеж, иако во основа тоа е една нагласена скептичност. Анализата на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија на Фондацијата „Фридрих Науман“ и „Метаморфозис“ покажа дека е неопходно да се гради култура на критичко мислење и општествен дијалог на сите нивоа. Анализата спроведена на 479 антидезинформациски написи покажа дека 1 /3 е верзија којашто кружи низ целиот свет со главно потекло од САД, Русија и Кина. За жал, медицинските власти често посочуваат дека фактор за смртноста од ковид-19 е што дел од пациентите предоцна бараат медицинска помош, зошто претходно губеле време со алтернативни пристапи

    Фејсбук пост со текст од пред една година тврди дека САД го прекинува финансирањето на СЗО

    Фејсбук пост со текст од пред една година тврди дека САД го прекинува финансирањето на СЗО

    Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до  Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира дека САД го повлекува писмото на Трамп

    Вакцинираните со една доза не се целосно вакцинирани, имунитетот не се создава инстантно!

    Вакцинираните со една доза не се целосно вакцинирани, имунитетот не се создава инстантно!

    Не е точно дека вакциниран со една доза е целосно вакциниран. Тоа едноставно не е така никаде во светот и претставува медицински непоткрепено тврдење бидејќи имунитетот после една доза е слаб. На имунолошкиот систем му треба време да функционира и тоа време е оценето од светски експерти 14 дена после втората доза. Не постои ниедна статистика која го потврдува изнесеното во постот, дека 80 проценти од починатите, умираат во меѓупериодот меѓу првата и втората доза

    Коронавирусот е вирус, а не „токсични наночестички“ фрлани од небо!

    Коронавирусот е вирус, а не „токсични наночестички“ фрлани од небо!

    Наспроти тврдењето во постот дека коронавирусот не постои, тој е изолиран во лабораторија како вирус на 7 јануари 2020 година. Вирусот се шири од устата на инфицирано лице или од течноста во носот кога инфицирано лице кашла, кива, зборува, пее или дише. Овие честички се мали респираторни капки или аеросоли. Тековните докази наведуваат дека вирусот се шири главно меѓу луѓе што се во близок контакт, типично во опсег од 1 метар. Никако преку авиони, стотици метри над површината на земјата. ПЦР тестот којшто се споменува во овој пост, не детектира некакви „токсични наночестички“, туку многу прецизно го детектира коронавирусот!

    Во четвртиот бран на пандемијата двојно помалку хоспитализирани во Охрид

    Во четвртиот бран на пандемијата двојно помалку хоспитализирани во Охрид

    Според лекарите, четвртиот бран е полесен за Охрид поради големиот број на вакцинирани граѓани. Последната анализа на Министерството за здравство објавена на 7 септември покажува дека во Охрид дури 61,45 отсто од населението е вакцинирано. Струшката болница, пак, во четвртиот бран од коронавирусот има поголемо оптеретување во однос на третиот. Струга е меѓу градовите со помал опсег на вакцинација, вакцинирани се само околу 40 отсто од населението. Само во месец август од ковид компликации во струшко починаа 29 лица, или речиси секој ден имало по еден смртен случај

    Имињата на „Фајзер“ и „Модерна“ немаат никаква врска со божества и зарази

    Имињата на „Фајзер“ и „Модерна“ немаат никаква врска со божества и зарази

    Ниту имињата на фармацевските компании кои ги произведуваат вакцините против ковид-19, „Фајзер“ и „Модерна“, ниту нивните читања од позади или на кој било друг начин некако се поврзани со некаква пандемија, особено не со моменталната пандемијата на коронавирусот

    Фејсбук објава шири дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

    Фејсбук објава шири дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

    Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации.  ЕУ спроведува Стратегија за терапевтски пристап против ковид-19, со портфолио од 5 терапевтски препарати од кои се очекува најмалку три  да бидат достапни до октомври 2021 година, но засега сè уште се во фаза на евалуација. Сепак, овие терапии се однесуваат исклучиво на протоколите за лекување на заболените и се комплементарни со Стратегијата за вакцини на ЕУ, како координиран пристап во борба против пандемијата и заштита на здравјето на населението. Ниту една држава не планира укинување на имунизацијата, туку, напротив, повикува на што помасовна имунизација, така што невистинитите наводи во постот можат да ги доведат во заблуда граѓаните и да им наштетат на нивното здравје

    Лага е дека медицинските лица во Австралија намерно ги убиваат невакцинираните лица заболени од ковид-19

    Лага е дека медицинските лица во Австралија намерно ги убиваат невакцинираните лица заболени од ковид-19

    Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот. Оттука е јасно дека овој лек не се користи во болниците во Австралија. Обвинувањата дека во болниците ивермектин им се дава на вакцинирани пациенти со цел да се покаже дека вакцините се ефикасни, а невакцинираните заболени намерно се ставаат на респиратор, како што се тврди во овој пост, се неосновани и без докази

    Фотографија од жена која починала, се злоупотребува за да се оцрни вакцинацијата

    Фотографија од жена која починала, се злоупотребува за да се оцрни вакцинацијата

    Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека  починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења наменски креира погрешна слика во јавноста, а сè со цел да ги одврати луѓето да не се вакцинираат и да му наштети на процесот на имунизација

    Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

    Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

    Оваа објава ја манипулира јавноста и шири паушални информации на Фејсбук. Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како е единствен излез од пандемијата

    Ковид пандемијата во заден план ги стави другите болести за детекција и лекување

    Ковид пандемијата во заден план ги стави другите болести за детекција и лекување

    Покрај стравот да се оди на лекар поради ковид, за задоцнетата детекција на другите дијагнози значително допринесува намалениот обем на термини за преглед кај специјалист. Пандемијата ги извади на површина и проблемите со недостигот на медицински кадар за другите патологии коишто не се поврзани со ковид

    Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо

    Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо

    Постот што го анализираме ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години  група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“.  Белата патека, пак, што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Исто така, ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран и неговиот генетски материјал РНК

    Вакцините не предизвикуваат смрт, ниту пак, ќе ве направат зомби!

    Вакцините не предизвикуваат смрт, ниту пак, ќе ве направат зомби!

    Смешно и апсурдно е тврдењето дека може да се стане зависен од вакцина, а уште поапсурдно е да се каже дека со вакцинација ќе станете зомби! Постот неосновано, без никакви докази и факти, шири страв и паника кај населението, тврдејќи дека вакцинираните ќе умрат. Штетно и нечовечки е да се изнесуваат вакви дезинформации, кога сите факти покажуваат дека вакцинираните помалку се заразуваат, а што е најважно не развиваат тешка клиничка слика на ковид-19 

    Не е вистина дека вакцинацијата е услов за хоспитализација

    Не е вистина дека вакцинацијата е услов за хоспитализација

    Вакцинацијата не е услов за влез во болница, туку медицинската индикација. Во болниците не се прави разлика дали некој пациент е вакциниран или невакциниран, за да може тој се лекува. Исто така, во Северна Македонија нема вакцини со истечен рок, како што неточно се тврди во постот

    Аргентински лекар не се вакцинирал со две дози во ист ден

    Аргентински лекар не се вакцинирал со две дози во ист ден

    Фотографиите се вистински и се направени во Аргентина, но човекот не зел две дози од вакцината. Фотографиите се направени во болницата „Енрике Вера Барос“ во аргентинскиот град Ла Риоха, а мажот облечен во жолто е лекарот Рафаел Фернандез. Тој на својт Фејсбук профил самиот објасни дека не ја примил вакцината двапати:„Се случи да има група од повеќе луѓе кои сакаа да учествуваат во оваа прва вакцинација. И за погодноста на медиумите, се одлучи да се сменат местата и да се сменат рацете. Медицинската сестра продолжи да вакцинира други луѓе, па се смени и медицинскиот персонал. Не бидете злобни со толкувањата.“