ПЦР тестот не е лажна дијагностичка алатка
Наводниот цитат од Мулис, кој го измислил ПЦР методот во 1985 година, а потоа добил Нобелова награда за хемија во 1993 година, не е негов. Тврдењето е земено од текст напишан од Џон Лауритсен во декември 1996 година за ХИВ и СИДА, а не за ковид-19. Лауритсен не вели дека ПЦР тестовите не функционираат, туку појаснува дека идентификуваат супстанци квалитативно, а не квантитативно. Наспроти тврдењето во постот, молекуларните дијагностички тестови, како што е ПЦР тестот, се златен стандард како метод за идентификување активна вирусна инфекција, како што е Сарс Ков 2, во респираторниот тракт