Бесплатни здравствени прегледи во Старо Нагоричане
30.11.2021 15:40
| Сузана Николиќ
Здравствениот дом во Куманово во петок организира бесплатни превентивни прегледи за жителите во општина Старо Нагоричане.

Прегледот предвидува мерење на шеќер и холестерол во крвта и крвен притисок.
Прегледите ќе се спроведат во просториите на старото училиште во село Старо Нагоричане, во периодот од 8.30 до 10.30 часот.
Акцијата се реализира како дел од програмата „Здравје за сите“ на Министертсвото за здравство.