Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година ќе биде родово одговорен, со цел родовата интеграција да биде вклучена во локалните политики. Родовото буџетирање ќе биде опфатено со буџетски форум како процес на партиципативно вклучување на граѓаните и давање предлози за најприоритетни проекти од важност за целата заедница.
„Потребен е свесен напредок за да се надминат стереотипите и да градиме родово-рамноправно општество. Инкорпорирањето на родовите перспективи во буџетот значи преструктуирање на приходите и расходите за да се унапреди родовата рамноправност, односно за секоја мерка треба да има соодветна буџетска алокација на средства. На овој начин се обезбедува подлабоко разбирање на потребите на жените и мажите, а истовремено и економски бенефит за општината“, истакна Неда Петковска од UN Women.
Буџетскиот процес со родово одговорна компонента ќе се реализира во текот на месец ноември, по што со прифатени приоритети од форумските одлуки ќе се најде пред Советот на Општина Крива Паланка, која е една од најактивните локални самоуправи во оваа област.
Родовото буџетирање се реализира во организација на Крива Паланка со поддршка на UN Women.