Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лицата со попреченост од повеќе општини во државата имаа можност да се дружат со животните и да уживаат во забавата на ранчот „Кантрисајд“ (Countyside) во Ранковце, организиран по повод светскиот ден посветен на оваа категорија лица.
Настанот го организираше сопственичката Мариа Дибиаџио, позната хуманитарка, во соработка со невладината организација „Хендикеп плус“, општините Крива Паланка и Ранковце, EU House Крива Паланка и спознорите Алка Макс и ТП Лав.
Специјални гости беа амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана Ангелова.
Лицата со попреченост се дружеа со коњите, кучињата и мачките, како и со останатите гости, забавувајќи се со музичката изведба на пејачот Даниел Дан и другите забавни и рекреативни содржини.
Кантрисајд е прилагоден за лицата со попреченост и наменет за хипотерапија, пливање и други методи за нивна поддршка.