Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски ги донираше дневниците што го следуваат за патни трошоци на Општинскиот црвен крст од Крива Паланка, кои ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.
„По повод Денот на волонтерството ги посетив волонтерите и секретарот на Црвен крст Крива Паланка, Дарко Пешовски. Ми претставува особено задоволство што во рамки на оваа посета ги донирав патните трошоци што ми следуваа во текот на претходната година и кои ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени
семејства“, истакна Николовски.
Тој го посети и Вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Академик проф. др. Димитар Арсов“ и на медицинскиот персонал од пунктот и волонтерите им го врачи Пехарот на хуманоста, кој по традиција се пренесува од 2018 година и носи порака на хуманост, чесност и искреност.
Волонтерите од Општинскиот Црвен Крст му врачија благодарница за посебни заслуги во остварувањето на целите и задачите на организацијата, како и посебно посветена песна од благодарен граѓанин на кој Николовски му помогнал во тешки моменти.
„Благодарниците се знак на должна почит кон нашите најголеми поддржувачи и волонтери, кои секогаш се подготвени да дадат свој придонес во нашата хумана мисија. За нив не постои погодно или непогодно време, нивната поддршка е безусловна и се отповикуваат на секоја наша акција“, рече Дарко Пешовски, секретар на Општинската организација на Црвен крст.