Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите заинтересирани за аикидо можат во просториите на Народна техника месецов да се запишат во аикидо клубот “Агатсу“.
Примаме деца од шест до тринаесет години, и постари од тринаесет години. Обично работиме со групи кои имаат по десет членови. Аикидото се разликува од другите боречки вештини и од каратето. Освен што се учи самоодбрана има посложени техники на паѓање, се вежба дишење. Ние постоиме од 2005 година и имаме 50 активни членови - рече Иван Скрчевски, инструктор во „Агатсу“.
Постигнување на мајсторство во аикидо може да се достигне само преку постојан и посветен тренинг. Во клубот се работи и изучува аикидо според правилата и стандардите на Аикикаи Фондацијата од Токио, Јапонија. Во “Агатсу“ се предава изворно аикидо создадено од основачот Морихеи Уешиба.