Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рускиот кошаркарски репрезентативец Андреј Кириленко е прогласен за најдобар европски кошаркар во изборот на реномираниот италијански спортски весник „Газета дело спорт“.
Кириленко минатата сезона настапуваше во Евролигата со екипата на ЦСКА Москва, а сезонава настапува во НБА-тимот на Минесота тимбервулс.
За него ова е прва титула во изборот на реномираниот италијански весник, а најмногу титули во овој избор досега има германскиот кошаркар Дирк Новицки (шест), пред Хрватот Тони Кукоч (пет), Арвидас Сабонис од Литванија (четири), шпанскиот центар По Гасол (три), а францускиот плејмејкер Тони Паркер и Предраг Стојаковиќ од Србија (една).
Кириленко во 2007 година беше избран за играч на годината во изборот на ФИБА.