×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Атлетичарите на “Скок“ на државно првенство во Скопје

    29.08.2012 12:29 | KumanovoNews

    Во Скопје на 1 и 2 септември ќе се оддржи државно првенство во атлетика на кое ќе учествува и кумановскиот атлетски клуб “Скок“. Петнаесет учесника ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини.

    Атлетичарите на “Скок“ на државно првенство во Скопје

    Машката екипа и годинава е најјака и од нив најмногу очекуваме. Членовите обично тренираат една година па потоа се вклучуваат во натпреварувања. Лани машката екипа освои второ место на Младинскиот куп, а женските беа трети. Сениорите на сениорскиот куп освоија второ место. Сениорите се над 19 години, а јуниорите се помлади. Летово имавме три репрезентативци јуниори, три сениори и три до 17 години на балкански првенства. Тоа е голем успех кој треба да се истакне - вели Филип Колевски, тренер во атлетски клуб “Скок“.

    Овој клуб постои 12 години и има дваесетина атлетичари кои се вклучуваат во натпреварувачкиот дел.