Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците на Европското првенство во Словенија кое ќе се одржи во 2013 година.
Во ждрабката одржана под земја, во пештерата Постојинска јама, Македонија како свои противници ги доби Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Литванија и Летонија во состав во групата Б.
Во групата А се најдоа Франција, Велика Британија, Германија, Украина, Белгија и Израел.
Шпанија Словенија, Хрватска, Полска, Грузија и Чешка се наоѓаат во групата Ц, а последната група ја формираат Русија, Грција, Италија, Финска, Турција и Шведска.