БК Фајтер Куманово ќе биде казнет!?
07.11.2012 11:27
| KumanovoNews
Боксерскиот клуб Фајтер од Куманово може да заработи казна поради ненавремено пристигање на натпреварувањето во Тетово.

Почетокот на петтото коло и официјалното мерење беше закажано за 10 часот. Поради квар на возилото некаде на половина пат, кумановските боксери не успејале да стигнат во Тетово и не учествувале во колото.
Дали БК Фајтер ќе биде казнет од страна на федерацијата се очекува да се одлучи следните неколку дена.