Дерби на ракометното првенство се игра во Куманово
16.11.2012 12:28
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во недела во 19 часот го играат дерби натпревар против екипата на Пелистер 08.

Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи кој се одигра во салата Младост во Битола, заврши со нерешен резултат 26:26. Тој натпревар се одигра во рамките на второто коло, и сосема сигурно е дека екипите тогаш не се наоѓале во форма како што ќе бидат овој викенд.
Куманово се наѓа на четвртата позиција на табелата, додека Пелистер е трет.
Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово во недела, со почеток во 19 часот.