×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓоковиќ го совлада Федерер во финалето на сезоната

    13.11.2012 11:10 | KumanovoNews

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на завршниот мастерс турнир во сезоната. Годинава тој оствари вкупно 74 победи.

    Ѓоковиќ го совлада Федерер во финалето на сезоната

    Првопласираниот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ во финалето во Лондон го совлада бранителот на титулата Швајцарецот Роже Федерер со 2:0 по сетови 7:6 и 7:5.

    Паричната награда за победата изнесуваше 1,76 милиони долари. Ова за Ѓоковиќ беше шеста титула оваа година, а по вторпат триумфираше на Мастерсот (2008 година првпат) во своето второ финале.

    Сезоната Србинот ја заврши со 74 победи, пет на турнирот во Лондон. Самиот меч во „О2 Арената“ не навестуваше таков епилог.

    Федерер одлично го отвори мечот со водство од 3:0 во гемови, но Ѓоковиќ во петтиот гем намали на 3:2 со брејк, а потоа во деветтиот гем уште еднаш му го одзема сервисот на Швајцарецот за водство од 5:4. Но, и Федерер врати за 5:5 спасувајќи и сет топка. Првиот сет беше решен во тај-брек, кој го доби Ѓоковиќ со 8:6 искористувајќи ја третата сет топка.

    И вториот сет почна со доминација на Федерер, кој веднаш направи брејк за водство од 1:0. Ѓоковиќ успеа да го врати загубениот сервис во десеттиот гем кога изедначи на 5:5 спасувајќи сет топка на противникот, а во 12.от гем направи уште еден брејк искористувајќи ја првата меч топка.

    Инаку, ова беше само четврто финале од досегашните 43, во кое играле двајцата прворангирани на АТП листата.

    Федерер го одигра своето осмо финале на мастерсот во кариерата и по вторпат е поразен, а сега против Ѓоковиќ има биланс од 16 победи и 13 порази.

    Со мастерсот во Лондон на кој по правило се натпреваруваат осуммината најдобри на АТП листата, и беше ставен крај на годинешната турнирска сезона во машкиот тенис.