Ѓуро Ѓаковиќ поразен во Куманово
07.11.2012 23:50
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово издвојуваа нова победа во регионалното натпреварување, овој пат против екипата на Ѓуро Ѓаковиќ со резултат 83:67.

Како и на минатиот натпревар, Куманово започна фуриозно добивајки ја четвртината со 25:12. Потоа следуваше пад во играта, изедначување на мечот и резултатска неизвесност. Во последните минути, Куманово ја искористи предноста на домашен терен и триумфираше на натпреварот.
Најефикасен во Куманово беше Ивица Димчевски со 24 поени, а кај гостите Денис Тороман постигна 19 поени.