Два натпревара за одбојкарите овој викенд
23.11.2012 14:20
| KumanovoNews
Одбојкарите на Куманово овој викенд ќе одиграат два натпревара во рамките од петтото и шетстото коло од Првата државна лига во одбојка.
Утре во салата на СЕУ Перо Наков во 17 часот одбојкарите ќе ја пречекаат екипата на Сушево.
Веќе во недела кумановчани гостуваат на екипата на Лирија во Тетово. Тој натпревар ќе започне во 14 часот.
Од управата се надеваат на продолжување на трендот на добрите игри на екипата, и одржување на солидното 5. место во шампионатот.